Thursday, June 6, 2013

Методија Андонов - Ченто

Методија Андонов - Ченто (познат и како Методи) (17 август 1902 – 24 јули 1957)[1] бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

Рани години [уреди]

Ченто како младо момче
Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското селоПлетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов - Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.

Политичка активност пред Втората светска војна [уреди]

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.
Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.
Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 - 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Антифашизам [уреди]

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).
По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски - Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

Учество во НОВ [уреди]

Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено Скопје, 1944 год.
На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).
За време на извршување на својата функција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Судирот со новата комунистичка власт [уреди]

Затворски фотопортрет на Ченто
Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.[се бара извор]
По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.
Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.
Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

По смртта [уреди]

Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври, претседателот на Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“, орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.[2]

Завршен дел [уреди]

  • Методија Андонов - Ченто е личност со посебни особености, кои придонесуваат да се издигне на повисоко рамниште од околината и средината. Тој по природа беше мошне борбен и природно интелигентен, што му овозможуваше брзо да ги сфаќа исовладува состојбите. Решителен, самостоен, активен и чесен Македонец, смел борец за слободата на македонскиот народ. Тој беше доволно комуникативен со народот што му овозможи да ги познава неговите потреби, интереси и приликите во кои живее. Тој се одликуваше со трудољубивост, со чесност и искреност. Заради овие негови особини Ченто мошне бргу стана многу познат, ценет и почитуван не само од прилепската чаршија и граѓаните, туку и од целиот македонски народ. Методија Андонов - Ченто беше доследен на своите определби за реализирање на историските идеали на македонскиот народ за културно, економско, социјално и национално ослободување и конституирање на суверена национална држава рамноправна со останатите балкански држави. А што се однесува до напорите за практично реализирање на овие цели, Ченто беше бескомпромисен и решителен борец, подготвен да ги поднесе, издржи и помине и најтешките препреки кои излегуваа на патот на зацртаната цел и реализирање на крајната определба. Случајот Ченто е историја на современата македонска држава, историја на идеолошки пресврти и чистки, со кои се уништуваше понагласеното истакнување на националните идеи на македонскиот народ, во името на “класните” интереси и општојугословенското братство и единство. Најчест печат на тоа време му даваше исклучивоста на пормовираната идеја дека кој е за независна и обединета Македонија, или за било кое друго решение на македонското прашање надвор од авнојската формула, тој е против Југославија, државен непријател, рушител на братството и единството на јигословенските народи и народности итн. Ниту монтираниот судски процес нема да одземе ништо од вредностите на Методија Андонов - Ченто. Тој иако е осуден на 11 години најстрог затвор со тешка физичка работа и одземање на сите граѓански права, не го менува своето мислење ниту се повлекува од искажаните ставови. Тогашната власт била безмилосна и не попуштила ниту пред молбите на фамилијата за скратување на казната и ослободување на Ченто. Историјата на секој народ и држава ја сочинуваат бројни настани и личности кои со својата појава и делување оставаат неизбришливи траги како сведоштво за едно време во кое човекот како индивидуа во најголем дел го посветувал својот живот на највисоките патриотски идеали, борбата за слобода на својот народ и стекнувањето на сопствена држава. Таква личност е секако и Методија Андонов - Ченто една од најсветлите фигури во историјата на Македонија и несомнено еден од најдоследните борци за социјална правда и национална слобода на македонскиот народ. Во историјата ќе најдеме многу големи и заслужни личности, но малкумина од нив го носат онаа гандиевското кое несомнено го имаше Ченто: скромноста, искреноста, чесноста и пред се најважното: складот помеѓу зборовите и делата. Како што веќе кажавме за македонскиот револуционер и државник Методија Андонов - Ченто во досегашната македонска историографија многу малку е говорено од аспект на презентирање на вистинското место и улога на овој виден македонски деец во периодот меѓу двете светски војни, НОБ и особено за неговиот визионерски поглед за идното државно уредување на повоена Федерална Македонија. По 1990 година се поткрена прашањето за рехабилитација на Ченто. И без тоа Ченто беше рехабилитиран пред историјата. Но, беше потребно од него да се симнат сите анатеми. Истите личности кои беа главни актери во сценарието Ченто, некогашните членови на Политбирото на ЦК КПМ дадоа согласност за политичката рехалибитација на Методија Андонов – Ченто: Лазар Колишевски, Цветко Узуновски – Абаз, Борко Темелковски – Лилјакот, некои од сведоците, од иследниците, судиите и др . Конечно, целта на рехабилитирачкиот судски процес не беше да се осудат или пак да се казнат оние кои го казнија Ченто, напротив, судскиот процес на рехабилитација во 1991 година имаше за цел да ја покаже вистината и правдата која беше доказ за исправноста на Ченто и на неговата државничка улога во тоа бурно време. Токму затоа случајот Ченто, ќе стане силна поука од едно минато време и драгоцено искуство за посветла иднина на нашиот народ, на нашата татковина. Денес Методија Андонов - Ченто е рехабилитиран и формално ослободен од хипотеката на обвиненијата за дела кои тој никогаш не ги сторил. Останаа само одот по маките негови, на неговите најблиски и се она што тие го преживеаја и пропатија во текот на изминатите децении. Токму затоа неговиот лик и дело конечно си го добија местото на пиедесталот на плејадата светли личности кои оставија длабоки и неизбришливи траги на страниците во современата македонска историја. Ченто, бил, и ќе остане еден од битните втемелувачи на македонската независна и суверена држава. Неговото залагање за правото на самопределување до отецепување по повеќе децении навистина најде практична примена на 8 септември 1991 година. Така, денес ние можеме да зборуваме за независна Македонија и како конкретна реализација на визионерските идеи на големиот син на Македонија, Методија Андонов – Ченто

Гоце Делчев

Ѓорѓи Николов Делчев (Кукуш4 февруари 1872 - Баница4 мај 1903) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век [5].
Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.
Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Mакедонска револуционерна организација. Тој ја проширил мрежата на Организацијата (пролетта 1895 г.) и преку Виница организирал тајни канали. Во Солун учествувал на советувањето со водечките личности на Организацијата: Даме ГруевПере Тошев и др. за заземање став кон Македонскиот комитет основан воСофија. Во септември бил назначен за директор на училиштето во Штип. Пред крајот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од ЦК на МРО, отпатувал во Софија на разговори со Македонскиот комитет и неговиот допринос кон македонското дело, меѓутоа разговорите биле неуспешни. Организирал пунктови на МРО во Ќустендил и во Дупница (во почетокот на 1896), а во февруари воШтип организирал протестна демонстрација против власта.
Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.
Во текот на Доневата афера поради недостаток на докази бил ослободен, меѓутоа во мај повторно бил уапсен и спроведен воСкопје каде што бил затворен во Куршумли-ан, но повторно бил ослободен. Сепак аферата го свртела вниманието на турските власти кон Делчев. Во септември бил назначен за главен учител (директор) во Банско од каде што ја продолжил дејноста за ширење на мрежата на Револуционерната организација. Се откажал од учителската должност и целосно се посветил на македонското ослободително дело. Ја презел должноста на задграничен претставник на МРО во Софија. Со писмо до католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини на Ватикан му ја претставил целта на македонската борба: да се исправи неправедното решение на Берлинскиот договор за Македонија и за добивање полна политичка автономија.
По Солунската афера, Делчев и Ѓорче Петров, како задгранични претставници, ги презеле надлежностите на Централниот комитет. По добиеното известување за апсењето на членовите на ЦК во Солун, со Ѓорче Петров во средината на март издале инструктивно писмо до окружните, до околиските и до селските комитети, како и до војводите на четите, за продолжување на дејствувањето според постојната програма.
Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. Организирал производство на бомби и експлозиви во с. Саблер (во Осоговската Планина), а потоа и на Св. Гора (меѓу Зографскиот манастир иХиландар). Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите. Со формирањето на селската милиција била доградена четничката организација, која непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиската империја.
За зацврстување на редовите во Организацијата презел инспекциска инструктивна обиколка во централниот и во западниот дел од Македонија (од август 1901 до март 1902). На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание. Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, кој штотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции.
Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

Детски години 

(Гоце б.н) расте под необичната строгост на татка си и под претераната благост на мајка си... Строгиот бај Никола, кој сака со едно негово поткашлување од улицата целата куќа да биде на нозе, не направи од Гоцета некој треперко. Еднаш налутениот домаќин подига рака над којзнае во што згрешената домаќинка, петгодишниот син, обично доста кроток, се фрли меѓу скараните родители со молњи во очите и го принудил татка си да си ги пеапе усните. - Мекосрдечната стрина Султана, која припаднува од секое млако нерасположение на копнеената рожба, која се мачи да ги задоволи и најфантастичните барања на својот цар на царевите, не направи од него разгален прокопсаник...
Ѓорѓи (Гоце) Делчев е роден на 23 јануаристар стил, односно на 4 февруари по нов стил, 1872 година во Кукуш. Потекнува од познатото семејство Делчеви. Неговиот татко Никола и неговата мајка Султана вкупно имале девет деца, пет ќерки и четири сина: Руша (родена во 1868 г.), Цоца (1870), Гоце (1872), Тина (1974), Велика (1876), Димитар/Мицо (1879), Елена (1881), Милан (1883) и Христо (1885). Ѓорѓи Делчев од својата мајка Султана бил нагалено наречен Гоце, име кое било често во Кукуш.
Во пронаоѓачката нежност македонската мајка измислила за своите деца десетина нагалени имиња. И затоа синот на Султана Делчева ќе се нарече Ѓорѓи само во крштелното сведителство, во некои стари тефтери и во строгите официјално документи, каде што името се запишува, без да се изговара. Но мајката уште од првиот ден ќе го нарече така, нагалено, како што со гордост, со љубов ќе го нарече целиот народ...
Крум Христов„Гоце Делчев“ [6]
Гоце половина од својот живот го поминал во Кукуш. Тоа е првата фаза што го опфаќа неговото детство. Гоце рано пројавил позитивни карактерни особини. Уште како петгодишник, при една меѓусебна расправа на родителите, вербално се обидел да ја заштити својата мајка, покажувајќи завидна храброст пред неговиот татко. Уште од тогаш кај Гоце се развило чувството за заштита на послабите и потчинетите [7].
Најраните години Гоце, се до неговото заминување на училиште, минале низ еден период на револуционерна раздвиженост на кукушани. Тие и понатaму ја воделе борбата против Цариградската патријаршија. Во февруари 1874 година одново минале кон унија со Римокатоличката црква (II Бугарска Унија[8][ˣ 2][ˣ 3][ˣ 4] со што започнало во Кукуш и во околијата повторно да се шири унијатското влијание. Причината за вториот премин кон унијата е лошото однесување на грчкото духовништво кон населението [9]. Од 1875 година како нов фактор во Кукуш започнала да се наметнува Бугарската егзархија, но таа не успеала да се зацврсти во Кукуш, а според германскиот истражувач Р. Мах, Егзархијата во градот била официјално претставена но немала свој владика [10].
Во периодот помеѓу 1874 - 1879 година се случиле повеќе значајни настани. Во мај 1874 година во Кукуш бил празнуван празникот на браќата Св. Кирил и Методиј, а веќе почнале да се јавуваат и личности со револуционерен дух. Иван Хаџи Николов во своите спомени истакнува дека на поттик на босанското востание од септември 1875 година, почнал да размислува: Како ние од Кукуш можеме да востанеме, и најпосле дојдов до јасна претстава за она што треба да правам, а имено, дека треба да се основе револуционерна организација која да го подготви населението на востание [2]. Подвигот бил неуспешен, меѓутоа Кукушани веќе биле револуционерно настроени и раздвижени. Во текот на Кресненското востание, од Кукуш и неговата околина имало неколку души на доброволци. Тие се сретнуваат во списокот наМакедонскиот востанички комитет [2], како и во петата четата на Ѓорѓија Пулевски.

Образование


Прогимназија 

Като дете беше многу буен, оште от малечук сè сус пиштоле и каму играјше. Другаруваше ус деца като него. Еднаш мајка ни му се скара оти другарува ус Турчта и Ѓупча. А он ѝ одговори: - И оние се људе, ма мале...
Д. Г. Заров„Еден час при жената...“ [11]
Во учебната 1878/1879 година Гоце во прво одделение на прогимназијата во Кукуш. Најпрво бил во унијатското, а потоа се префрлил во егзархиското училиште. Тој бил примерен ученик, вимателен и желен за знаење. Покрај учењето, Гоце му помагал на својот татко во работата, а од него се научил на самодисциплина. Тој не ги одбегнувал секојдневните детски игри. Според едно сведоштво:
... (Гоце б.н) си игра само кога не е во крчмата, или на работа, или има за учење за утрешниот ден. Другарите знаат кога е слободен и тогаш го бараат. Гоце не смее да се впушта во тепаници или игри што можат да доведат до повреди, зошто вечерта ќе биде строго казнет, а освен тоа веќе нема да биде пуштен да игра. Саканата игра на Гоцета е кајнаците. Нему му е дозволено да игра само со определени деца од малото. - Тоа било игра на мајсторија (вештина). Колку и да бил Гоце опитен, Гоце Такеџиев го надминувал... [12]
Како дете, Гоце другарувал со Македончиња, Турчиња и Ромчиња, а меѓу нив не правел никаква разлика. Тука лежат корените на неговата интернационална ширина [13]. На Гоце отсекогаш му биле туѓи крајниот национализамшовинизам и национална омраза [7].
Покрај игрите и училиштето, Гоце го сакал дружењето со возрасните граѓани, особено со една група на побудни и поучени кукушани. Меѓу нив биле:Христо Бучков, Дино Попгутов и Поне Икиљулев. Бучков му раскажувал за далечните земји, а Икиљулев му носел книги што ги земал од кукушките учители. Гоце земал книги и од училиштето. Во училишната библиотека во Кукуш имало книги од западноевропските и руските писатели и по некоја стара класика. Меѓу нив се наоѓале: биографијата на Александар Македонски, житијата на Св. Климент, дела на ГетеМолиерШекспирВиктор ИгоПушкинГогољДостоевски итн. Има претпоставки дека постоела и тајна револуционерна литература, а се примале и весници и литература.
Во таква средина се одвивало школувањето на Гоце во основното и прогимназиското училиште. Во учебната 1886/1887 година, Гоце го завршил третиот клас при прогимназијата и сакал да замине за Солун за да го продолжи школувањето. Меѓутоа Никола Делчев сакал својот син да го наследи во работата и го дал Гоце за чирак во бакалницата на Христо Басмаџиев. Но увидел дека неговиот син е повеќе склон кон учењето и книгите, а Христо Бучков и Поне Икиљулев го убедувале Никола да го испрати својот син на школување воСолун [14]. Настапила нова етапа во животот на Гоце, чекор повеќе кон откривањето на светот, на Македонија [2]

Софија

Ќе одат во Софија да се учат за офицери, велеше Гоцевата мајка, и да ја ослободат Македонија...
Н. Манолев„Гоце ја напушта гимназијата и заминува за Бугарија“ [16]

Софија
Во јули 1891 година петчлена група на незавршени солунски средношколци (Гоце Делчев од Кукуш, Стамат Стаматов од Дебар, Илија Кондураџиев од Прилеп, Гоце Имов од Кукуш и Стефан Стрезов од Копривиштица), се нашла во бугарската претстолнина Софија. Целиот солунски револуционерен кружок се нашол во военото училиште. Во Кнежевското бугарско воено училиште за трите години, меѓу другите, се школувале и пеесетина Македонци. Групата на Гоце и припаѓала на 13 - та класа. На претходната, 12 - та класа питомци и припаѓале поранешните солунски ученици Борис Сарафов, Георги Апостолов и Димитар Атанасов, кои го поздравиле доаѓањето на новата група. Со запишувањето на Гоце во военото училиште, започнал неговиот прв тригодишен престој во кнежеството Бугарија.
Со актот бр. 192 од 23 јули 1891 година Гоце станал воен питомец (јункер) во Кнежевското воено училиште во КњажевоБугарија, со што започнала последната етапа од неговото школување. Овој последен негов тригодишен образовен период во Бугарија се поклопила со владеењето на Стефан Стамболов. Власта на овој бугарски политичар била протежирана од бугарскиот кнез Фердинанд I. Стамболов ги гушел слободољубивите пројави во бугарското општество и ги експлатирал бугарските народни маси со што се создала дефетистичка претстава за бугарската држава. Таквата состојба се чуствувала и во военото училиште каде што владеела крута касарска дициплина пропаратена со груба дресура. Целта била да се создадат послушни офицери амбицирани единствено кон полковнички и генералски еполети [14]. Секоја слободољубива мисла била сосоекувана во корен, отука сите Гоцеви илузии поврзани со ова воено училиште се срушиле. Своето разочарување Гоце го изразил со зборовите:
Зошто не останав во Солун, зошто не станав учител [14].
Меѓуто и покрај таквата внатрешна состојба, Гоце поради користа од военото образование како и честољубието, не го напуштил военото училиште, но се обидел да ги одврати другите Македончиња од запишуваето. Гоце упорно се обидел да го разубеди кукушанецот Петар Дрвингов да не се запишува во военото училиште. Отука Стамат Стаматов заклучил дека кај Гоце веќе созреала идејата дека интелектуалните сили на Македонија ќе бидат пополезни во своите родни места, отколку да идат во Бугарија [7][12][2]. Ваквото размислување на Гоце, било распламтено од македонската младина во Софија. Тој се движел сред македонската емиграција, а особено се спријателил со охриѓанецот Коста Шахов, чиј весникМакедонија силно делувал во раздвижувањето на Македонците во Бугарија [17]. Престојот на Гоце се совпаднал со појавата на Македонското студенско друштво и Лозарското движење. Кружокот кои бил формиран во военото училиште на чело со Гоце одржувал врски со Лозарите [18].
Од овие контакти произлегла и средбата помеѓу Гоце, Коста Шахов и Иван Хаџи Николов, во Борисовата градина во јули 1893 година. Кај Хаџи Николов веќе била созреана идејата дека само една револуционерна организација може да го пресече патот на странските пропагнади и да ја ослободи Македонија. Тој дошол во Софија и побарал од Шахов да му препорача лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов го препорачал Гоце. На средбата Хаџи Николов ги претставил начелата врз кои требало да со основа организацијата:
1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат иузложенени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербат на населението3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана Македонија, Србите и Греците веќе не ќе можат да бараат делово од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија , Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија4. Организацијат треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади5. Од Македонците во Бугарија и од бугрскиот народ ќе бараме морална и материјална подршка без притоа да ни се мешаат во работата [19].

Књажево
Делчев ги прифатил овие принципи но имал намера најпрво да го заврши военото училиште, па потоа да пристапи кон реализацијата на таквата замисла. Отука Гоце истакнал: Г-не Хаџи Николов, толку време поминало, нека мине уште една година. Јас догодина го завршувам военото училиште и ќе ме произведат во офицер [19]. Ќе поднесам оставка на офицерството, ќе дојдам во Солун и ќе формираме револуционерна организација. Откако ќе почнеме да работиме, ние ќе спечалиме авторитет и нема да има потреба да бараме друго авторитетно лице [7]. Меѓутоа настаните добиле позабрзан тек, па упорноста на Гоце да го заврши военото училиште, му ја одзела можноста да се вброи во корифеите наМакедонската револуционерна организација [7].
Во военото училиште Гоце се повлекол во себе, бил молчелив, скромен и добродушен но покажувал солиден успех. На професионален план не сакал многу да се истакнува и затоа се наоѓал во златната средина. Неговото напредување се одвивало нормално. Со наредбата од 15 септември 1892 година бил преведен во средниот клас, со наредбата од 5 октомври 1893 година се нашол во последниот, завршен клас на военото училиште. Во овој период Гоце се зближил со Минчев, а кон нив се приклучил и Марин Пеев. Околу нив имало уште неколку јункери кои биле блиски до социјалистичките идеи. Групата била оквалификувана како социјалистички кружок [7]. Тие се однесувале игнорански кон училишната забрана за читање на весници, списанија и книги со револуционерна содржина, меѓу нив тајно циркулирала забранета револуционерна литература, особено од социјалистичка провениненција. Под перницата на Гоце се наоѓале секогаш делата на Маркс, Енгелс, Кауцки, Шалгунов, Чернишевски, Доброљубов, Херцен. Во јуни 1894 година, на годишните испити за последната завршна година, Гоце постигнал општ успех од 9,45, со поведение проценото со 12 (во 12-то балниот систем). Со тоа школувањето на Гоце во военото училиште завршило со успех. Гоце тогаш се изјаснил за стажирање во 22-от тракиски пешадиски полк воТатар-Пазарџик. Останала само промоцијата на завршените питомци во првиот офицерски чин, меѓутоа тогаш избил скандал.
Новата влада на Константин Стоилов, за да заштеди финансиски средства, најавила пролонгирање на рокот за прокламирање на новата класа офицери до 1 јануари 1895 година. Оваа најава предизвикала силен револт кај завршните јункери. Две анонимни јункерски писма биле испратени до воениот министер и началникот на Кнежевското воено училиште. Писмата биле протолкувани како жесток напад на воената дисциплина. Со цел да се задуши таквата појава во корен, биле притворени тројца јункери: Васил Минчев, Владимир Ковачев и Марко Ванков, блиски пријатели на Гоце. Набргу потоа уследило и апсењето на Марин Пеев. По оваа апсење, Гоце ја презел сета одговорност врз себе, изјавувајќи дека тој ги напишал анонимните писма, со што притворените јункери биле невини. Властите оваа изјава не ја прифатиле но го уапсиле Гоце поради неговата социјалистичка насоченост. Заедно со Гоце бил притворен и Жељасков.

Гоце со својот пријател Гоце Имов, како јункери

Диплома на Гоце за завршено воено училиште
Анонимните писма биле повод за пресметка на бугарските власти со младината која била блиска до социјалистичките идеи. Во обвинението против Гоце се твредело дека не само што: тој е социјалист, туку (и) дека врши таква пропаганда во училиштетот [7]. На 6 октомври 1894 годин била издадена наредбата под број 107, со која биле исклучени шестмина јункери. Во параграфот 5, од истата наредба, било истакнато:
Врз основа на актот од 16 септември, под бр. 133, јункерите од повереното ми училиште: Васил Минчев, Владимир Ковачев, Марко Ванков, Господин Жељасков, Гоце Делчев и Марин Пеев, се исклучуваат од поверенеото ми училиште и се префрлаат во резерва во армијата како редовни. Првите двајца без право на повторно запишување и претставување за производство во офицерски чин, а последните четворица со право да бидат примени одново во служба, затоа што пишувале анонимно писмо до г-н Воен миннистер. Притоа, оние на кои им се дозволува повторно да стапат во армијата ако го сакаат тоа, претходно треба да постапат по сопствена желба во некои од воените единици, од каде што и ќе се претстават за производство во првиот офицерски чин
Наредбата била ригорозна и во неа се инсистирало на исклучување на шесмината јункери од списоците на училиштетот. Според Пејо Јаворов, Гоце бил исклучен од военото училиште како социјалист. Ваквиот пресврт на настаните кај Гоце не предизвикале некое растажување, туку напротив го развеселиле. Се почуствувал како слободен како птица. Совеста му била потполно мирна бидејќи со туѓа помош бил ослободен од стегите на армиската стажантура. Сега, пред него ширум се отварала нова револуционерна перспектива [7].
Набргу по оваа афера, Гоце имал средба со Туше Делииванов од Кукуш. Во разговорот кои уследил Гоце истакнал: Нашава ропска положба јасно определува што треба да правам. Непростиво е за нас, издигнати духовно повисоко, да трпиме, да теглиме и да чекаме други да не ослободуваат [20]. Гоце сеуште незнаел за формирањето на конспиративната Македонската револуционерна организација. Делииванов придружник на Гоце во тие денови истакнува:
Тој ќе отиде во Македонија и ќе се одаде на револуционерна дејност, организирајќи го населението за борба против угнетувачите. Овде ништо позитивно не дознал за таквата дејност во Македонија, ниту попаднал на некого што би го упатил [20].
.

Погледи


Во организациските работи или на нашите собранија со членството, никој од нас не зборуваше за организацијата и идеологијата. Работна беше нашата работа, а не идеолошка. Што се однесува до социјализмот на Делчев, неговата дејност зборува сама за себе - спротивно. Во суштина, водачите си имааа свои основни погледи и свои разбирања за положбата и работите, коишто стоеа пред нив и ги завршуваа со голема упорност, настојчивост и насоченост. Значи, идеологија имаше, само што нивната идеологија имаше своја оргиналност. Македонија денеска, чиста рожба на животот и положбата во Македонија, кој му служеа како база на неговите побуди, беше дејност која имаше потреба од ум за да си најде своја смисла. Таквата идеологија и заемното дејство на умот и срцето му помогнаа на Делчев дас не се занесе по патот на својата идеологија... Во суштина, Организацијата и нејзините водачи имаа свои разбирања за работите и положбата во идеен поглед, но тоа беше врската, животот и положбата во Македонија и го внесуваа во својата идеологија гласот на своето срце, и на крај, прибегнуваа до умот, за да најдат смисла или да ѝ дадат. Тоа содејство и заемен сооднос на умот и срцето му помогнаа на Делчев да ја држи својата идеологија во сообразност со положбата на работите... Водачите навистина направија една жртва бидејќи на населението не му зборуваа за своите мисли и идеи. Тие се одрекоа од секаква субјективност во своите мисли. Целта беше да не се зголемуваат целите и задачите како и преданоста во работата. Населението не можеше да ги разбере овие идеи...
Ѓорче ПетровБеседа за Гоце
Делчев беше свесен оти конкретната тогашна ситуација во Македонија не трпеше шаблонска примена на научните погледи и револуционерни идеи, кои не одговараат на специфичните услови кои тогаш беа присутни во Македонија. Токму поради тоа, тој дејствуваше како типичен револуционерен демократ и трибун, кај кого заради специфичните објективни услови и прилики, национално-ослободителната револуционерна идеја стоеше на преден план. На прво место, таа имаше евидентно и првосходно значење
„Гоце Делчев“, Андонов Полјански, Христо, Пула, 1985

Гоце на дваесетидвегодишна возраст, по завршената опша и воена школа, оставал впечаток на рано созреан, високо квалитетна личност со оформен прогресивен светоглед. Интелктуалниот развој на Гоце минувал низ неколку етапи. Во Кукуш стекнал основни знаења за светот и луѓето. Во солунската гимназија ги продлабочил и успеал да проникне во сферата на науката,литературата и социјализмот. Во военото училиште неговиот интерес се разбистрил по низа прашања, особено од областа на разните научни и социјалистички доктрини [21]. Гоце бил заплиснат од идеите на Француското просветителствоФранцуската револуцијаАмериканската револуционерна војна, Револуциите од 1830 и 1848 година, Париската комуна од 1871 година[21]. Гоце особено се интересирал за ослободителните борби, од Американската војна за независност, преку карбонарите, италијанското националноослободително движење на чело со Џузепе Мацини, до револуционерните концепции на балканските ослободителни движења (српското, грчкото, романското и бугарското). За тоа најмногу придонел неговиот тригодишен претстој во бугарската држава. Гоце ја прочул литературата за ова прашање, особено Записите на бугарските востанија на Захариј Стојанов и неговата биографија за Васил Левски. Гоце имал можност и за живи контакти со бугарските револуционерни современици.
Неговиот примарен интерес бил свртен кон ослободителните борби на македонскиот народ, особено кон оние од времето на Големата источна криза: Разловечкото востание,Кресненското востаниеДемирхисарскиот заговор. Гоце подоцна стапил во контакт со водачот и идеологот на Разловечкото и Кресненското востание, Димитар Поп-Георгиев Беровски, контактите зачестиле при активирањето на Саблерската бомболеарница. Од овој контакт, Гоце изворно се информирал за светлите настани од македонската историја. Гоце бил добро запознат со макеоднските национални пројави од своето време. Лично, непосредно бил поврзан со лозарите и Македонската социјалистичка група од Софија.
Гоце мошне добро ги познавал биографиите на ВашингтонЛафајетМациниГарибалдиКошќушкоДомбровскиРаковскиКаравеловБотевЛевски, со што го проширил својот револуционерен видеокруг. Во изградбата на неговиот револуционерен профил влијаела неговата активност во солунскиот и софискиот кружок, како и блиските контакти со лозарите и социјалистите во Софија. Познанството со Коста Шахов оставило позитивни траги. Подеднакво го привлекувале природните и општествените науки. Се интересирал од математикабиологија до историја и филозофија. Гоце бил заплиснат од бројни учења. Неговиот дијапазонт на познанија се протегал од Дарвиновата теорија па се до Маркс. Особено го привлекувале идеите на руските револуционери-демократи: ДоброљубовЧернишевскиХерценПисарев. Врз Гоце влијаеле и различни револуционери утопистичко-социјалистички, утопистичко-комунситички и анархистички идеи, особено на БланкиКропоткинМихаил Бакуњин и С. Михаилович Кравчински-Степњак. Отука, на Гоце му било блискосиромахомилството на леринчанецот Спиро Гулапчев.
Г. Делчевите идеолошки погледи се здобиле со социјалистички колорит по запознавањето со делото на загоричанецот Димитар Благоев. За тоа влијаеле и контактите со Македонската социјалистичка група на Васил Главинов, а особено дружбата со Димо Хаџи Димов. Творците на марксизмотМаркс иЕнгелс, ги запознал од нивните дела, издавани од Спиро ГулапчевОпкружен од посочените Македонци, видни пропагатори на социјалистичките идеи, Гоце Делчев, со своите духовни предиспозиции, се нашол во прегратките на социјалистичкото учење. Самиот Гоце на социјалистите гледал вака: Тие луѓе вршат една вистниска револуционерна работа, растурајќи социјалистичка литература, за да можат социјалистичките идеи да проникнат во нашите редови. Тие можат да одиграат преродбенска, а не штетна улога [22].
Гоцевото инклинирање кон социјалистичките редови имало декларативен карактер. Гоце Делчев, пред се, е класичен национален револуционер. Според Стаматов, Гоце: одлично знаеше дека ни со теоријата на Дарвин, ниту пак со онаа на Маркс ќе биде ослободена Македонија.

Срцето на револуционерна Македонија

Со кама стисната силно во раката како во екстаза, со движења кои ги правеше пред другарите, без некому лично да му се обраќа со зборови на восхит, просто ја опеваше камата како симбол на некаков култ. Секој којшто го слушаше или гледаше во таква положба, се заразуваше од неговите движења и зборови. Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола... Гоце и самиот јунак, имаше голема слабост кон индивидуалните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето на кадри од такви поединци, неговата заслуга за Организацијата беше огромна. Во тој однос тој беше незаменлив. Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваа духот и внатрешната сила на самиот автор. Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромно влијание. Гоце беше голем почитувач на личното јунаштво, зошто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример. Тој не запираше пред вистинската смрт, која би можела да се избегне. Никој, никаде и никогаш не забележал кај него белези на страв или збрканост во случај на средба со потери или кога му јавуваа дека претстои некоја опасност. Своето презирање на смрта кој него беше нешто природно и неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чуство што беше неразделно од неговата природа [ˣ 5] . Ваквото влијание на тој правец беше огромно и многу значајно кога ги правеше многубројните посети на четите. Делчев секогаш ја ставаше на чело единката која имаше колективна целина. Една од неговите основни задачи во неговите агитации беше да создаде такви типови кои ќе го подигнат духот на луѓето за поединечна работа и борба, за лична иницијатива. Тој работеше и создаваше индивидуални сили, кои се вткајуваа во организацискиот морал и во создавањето кадри од таквите сили, кои ќе бидат можен придвижувач на делото. Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност... Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна... Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор... Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот...

Кон македонскиот пантеон


Делииванов летото 1894 година, поради здодоевност и недоразбирање со училишното настојателство поднел оставка на учителската должност во Кукуш. Тој вели дека без определена цел заминал за Софија, каде се сретнал со Делчев. Дали целта на Делииванов во Софија била неопределена? Дали средбата со Делчев е случајна или, пак, режирана од Хаџи Николов, кој ги знаел Делчевите определби уште од летото 1893 година и овој пат ја искористил кукушката линија преку Делииванов ?!
Ванчо Ѓорѓиев„Слобода или смрт...“ [23]

Куќата во која живееле Даме, Гоце и Туше
Вклучувањето на Гоце во Македонската револуционерна организација е посебен настан во историјата на македонското револуционерно ослободително движење. Со тоа започнала последната трета револуционерна фаза (1894-1903) од животот на Гоце. Оваа фаза од дејноста и животот на Гоце се состои од две етапи. Првата етапа го опватила легланото учителствување на Гоце во Штип и Банско (ноември 1894 год - ноември 1896 год.), во втората етапа Гоце целосно се посветил на револуционерното дело и таа трае се до крајот на неговиот живот (декември 1896 год. - 4 мај 1903 год.). Влегувањето на Гоце воРеволуционерната оганизација сеуште содржи неразјаснети моменти. Главните актери во вклучувањето на Гоце во Организцијата се Туше ДелиивановИван Хаџи Николов и Даме Груев. Меѓутоа Делииванов во своите спомени за оваа случување, и воопшто за својата револуционерна дејност од овој период, не дава конкретни податоци. По средбата со Делииванов, Гоце испратил молба до Егзархијата за учителствување во Македонија, истото го сторил и Делииванов, по десетина дена речиси истовремено двајцата биле поставени за учители, Гоце од страна на Штипското училишно настојателство, а Делииванов од страна наЕгзархијата [20]. Во октомври 1894 година, Гоце дознал за своето прво работно, учителско место во штипското Ново Село.
Историската средба помеѓу Гоце и Даме Груев се случила во почетокот на ноември 1894 година во Штип. Гоце и Делииванов уште не слезени од коњитебиле пречекани од Даме, кој тогаш учителствувал во Штип. Даме од порано го познавал Делииванов, меѓутоа со Гоце Делчев имал прва средба [24]. Меѓутоа, името на Гоце не му било непознато. За него, Даме првпат слушнал есента 1893 година во Солун, при сондажата за формирање на Македонската револуционерна организација, најверојатно Иван Хаџи Николовинформирал за виското мислење кое Коста Шахов го гаел за Гоце. Пречекот на Даме не бил случаен, а уште помалку неговата упорност за одвлекување на дојденците од анот во кој се сметсиле - во куќата на страриот учител Мите Теранцелиев, каде што и самиот Даме Груев, за време на својот престој во Штип, живеел [7]. Истат вечер, на Дамевото провокативно прашање, зошто ја напуштиле Бугарија! Гоце одговорил:
Можели да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку Македонија? [6]
Воодушевен од Гоцевата концепција, Даме широко го отворил срцето со зборовите: Добро сте ми дошле!, при што го врачил Уставот на Организација. Следниот ден, Гоце положил заклетва пред првенецот на Организацијата, со што станал полноправен член на Македонската револуционерна организација. Од првата средба на срцето и волјата на револуционерна Македонија, на прагот на Гоцевата револуционерна дејност, па се до нивната последна, која се одиграла во драматични околности, во предвечерието на Гоцевото загинување, меѓу двајцата апостоли владеала ретка блискот и длабоко меѓусебно почитување.

Штип 

Делчев веднаш ми направи впечаток со својата отвореност и ченост. Тој беше, при првите обиди да зачленува, дури и претерано отворен, па требаше да го контролираме за да не ја издаде нашата слабост, слабоста на Организацијата. Тој се стремеше да си ја каже вистината, мислејќи дека секој треба да ја усвои идејата така како што тој ја усвоил. Беше многу пргав.
Даме Груев , „Спомени“ [24]

Штипската Новоселска прогимназија
Гоце во двокласната Новоселска гимназија при II клас ги предавал предметите: геометрија, историја на природатагеографија и француски јазик. Тој бил правичен и строг улител. Гоце особено внимание посветил на образованието на возрасните. Тој, заедно со своите колеги Даме и Делииванов, во неделното и вечерното училиште разработувал теми од американската, европската и особено од балканската историја со што се создала револуционерна клима во Штип.
Гоце со учителската дејност вешто ја прикрил својата вистинска револуционерна дејност пред тамошните османлиски власти. Учителствувањето било одличен параван за разгранување и заврствување на организациската мрежа. Гоце се пројавил како неуморен организатор и и агитатор.
Гоце требало да дејствува само во Ново Село и околните села. Меѓутоа неговите аспирации биле поголеми. Според Делииванов: Секоја саботна вечер тој (Гоце б.н) исчезнуваше од Штип, кога преоблечен, кога не, и се враќаше во недела или рано понеделник. За два месеци тој го зврши тоа и кон Водици една вечер самозадоволно и насевнувајќи се рече дека можеме веќе и карвани да праќаме за Бугарија и од Бугарија дури до Радовиш и Струмица. Даме Груев бил сведок на историската улога што Гоце ја имал за омасовување на револуционерното движење и организирањето на занчајниот канал на МРО на релацијатаМакедонија - Бугарија.
Даме бил понесен од невидениот елан и ентузијзам на Гоце и во учебната 1894/95 година зедно со Делииванов и Тодор Лазаров организирал нови души во Штип и неговата околина. Делииванов истакнува дека : Целиот град и Ново Село беа опфатени од револуционерна треска. Зборовите на Делииванов подврдуваат дека Штип израснал во бастион на македонската револуционерна борба.

Велигденска мисија


Првата голема мисија на Гоце низ Македонија се датира во април 1895 година за време на велигденскиот распуст. Гоце на пат заминал заедно со Туше Делииванов. Во Велес се сретнале со Петар Поп Арсов. По оваа средба со воз заминале за Солун каде што требало да се сретнат со актуелниот претседател на Централниот комитет на МРОХристо Татарчев. На Велигден се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Во текот на престојот во Кукуш, Гоце успеал да собере 180 лири, а непосредно пред неговото заминување сумата се искачила на 330 лири, парите биле доставени на Централниот комитет на МРО. На враќање за Штип, Гоце навратил во Дојран каде што ја формирал месната организација. Отаму се упатил кон ФуркаБогданциГевгелијаСтрумица и Радовиш.
По заминувањето на Даме и Петар Поп Арсов од СолунЦентралниот комитет останал без своите најактивни членови и тоа влијаело врз неговата работата, состојбата била со организациско мртвило. Штип и Битола, благодарение на тандемите: Даме Груев - Гоце, Пере Тошев - Ѓорче Петров, во секој поглед ја надминувале солунската централна организациска метропола. Отука, Даме се вратил во Солун, но сосема спокоен бидејќи во Штип го оставил Гоце кој веќе ги пројавил своите високои организациски способности.
Гоце се истакнал како изразит масовик на македонското револуционерно движење, пред се поради динамиката на зачленувањето, брзината на плетењето организациона мрежа и проширувањето на организациските канали.Даме Груев и Гоце својата дотогашна зедничка дејност ја крунисале со проштално собрание на раководителите од штипскиот регион, коешто го одржале во близината на Кежовица во почетокот на јули 1895 година. Тогаш била разгледана дотогашната дејност и биле дадени насоки за во иднина.

Првите контакти со Македонскиот комитет


Трајко Китанчев како претседател на Братскиот сојуз на 19.02.1895 година ја повикал македонската емиграција да испрати свои делегати на конгресот кој требало да се одржи на 19 март 1895 во Софија. Конгресот своето заседание го започнал на19 март, а со својата работа завршил на 28 март 1895 година во Софија. На него присуствувале 60 преставници на македонските друштва, братства и колонии во Бугарија и Романија. Конгресот, останал во историјата познат под името І македонски конгрес на кој дошло до обединување на македонската емиграција и до обединување на македонските друштва на чело со Македонскиот комитет.
Организирањето на четите кое го започнал Трајко Китанчев во својство на претседател на Братскиот сојуз, продолжило и по формирањето на МК но сега со подршка на бугарската влада и бугарскиот кнез, а особено со подршка на воениот министерРачо Петров [25]Трајко Китанчев имал контакти со бугарскиот кнез Фердинанд I и бугарскиот премиер Константин Стоилов. Стоилов се обидел да ја контролира активноста на МК и нејзината дејност да ја искористи во интерес на бугарската политика[26]. Активноста на Македонскиот комитет кулминирала со т.н Мелничко востание.
Даме Груев во летото 1895 година пристигнал во Софија. Груев бил испратен од ЦК на организацијата, за да го запознаеТрајко Китанчев со целите на Македонската револуционерна организација и да побара морална и материјална подршка. ВоСофија, Груев имал средба со Наум ТуфекчиевАндреј Љапчев и со Трајко Китанчев. Подоцна во Софија се нашол и Иван Хаџи Николов кој имал средба со Китанчев и од него исто така побарал морална и материјална помош за организацијата [27].
Активноста на Македонскиот комитет допринела да се влоши положбата за револуционерно дејствување во Македонија. Затоа во летото 1895 година било одржано Солунското советување на Македонската револуционерна организација. Советувањето било свикано од Даме Груев и се одржало под маската на Учителски собир. На советувањето присуствувале Пере Тошев, Гоце Делчев, Иван Хаџи Николов и други дејци на Организацијата. На собирот било решено Организацијата да застанане на патот на надворешното мешање.
Гоце презел нова обиколка на Солунско, Кукушко, Гевгелиско и Дојранско за време на летниот распуст во 1895 година, тој тогаш презел мерки за заврстувањеи и проширување на ефектите од Велигденската мисијаПејо Јаворов истакнува дека пред Мелничкото востание, Гоце отставрил средба соТрајко Китанчев, раководителот на Македонскиот комитет, меѓутоа историчарите таквото тврдење го отфрлаат [7][2]. Во учебната 1895/96 година Гоце бил унапреден во директор на штипските училишта, што подразбирало и главен инспектор на штипските селски училишта. Назначувањето на Гоце за директор било под влијание на Македонската револуционерна организација. Како училишен инспектор можел послесно да ја прикрие својата револуционерна агитација сред македонските селски средини.
Од овој период потекнува и едно писмо на Гоце упатено на 29 октомври 1895 година до Ефрем Каранов, претседател на Македонското ќустендилско друштво. Гоце на еден јасен начин ја преставил сопствената концепцијата за самостојноста на македонското револуционерно движење. Во писмото: Гоце Делчев ги изјаснува основните принципи на кои треба да се изградува и на кои тој ја гради македонската револуција... Гоце ја покажува тука и целта на македонската револуција... слободна државичка... Тој го посочува средството да се постигне таа цел: внатрешно востание [6].
Преку ова писмо, Гоце по писмен пат ги ставил на знање своите погледи до Македонскиот комитет, преку неговиот огранок во Ќустендил. Тој јасно истакнал: Во Македонија се развива систематска агитација за едно општо внатрешно востание, која има земено големи размери и нема катче во Македонија што не е опфатено... Должност е на секој родољубец да помогне колку што може повеќе, а уште повеќе на комитетите со таква цел, особено на Ќустендилскиот, којшто би можел во се да помага... Луѓе има многу, но за жал страдаме од недостиг на најнеопходното за едно востание: без оружје сме и Вие, ако сакате да ни помогнете, помогнете ни во тоа, пратете колку што можете повеќе оружје [28].
Кон крајот на 1895 година, Гоце извршил нова ревизија со цел да ги зацврсти пограничните реони во правец: Штип - Пехчево - Владимирово - Берово -Џумаја - Дупница - Ќустендил. Тој ги обезбедил врските, патиштата, назначил одговорни за пунктовите и го уредил начинот на собраќајот и врските со внатрешноста. Во оваа дејност се појавиле два важни пункта: Ќустендил на чело со Никола Зографов и Дупница на чело со Никола Малешевски. НаскороЌустендил и Дупница прераснале во важни центри на Македонската револуционерна организација на бугарска територија.
На ІІ македонски конгрес во декември 1895 година Македонскиот комитет бил преименуван во Врховен Македонски Комитет, а за претседател бил избран генералот Данаил Николаев. По изборот на генералот Николаев за претседател, Македонскиот комитет манифестирал тенденција за потчинување на Организацијата и претварање на нејзиниот Централен комитет во орудие за остварување на неговите цели. во есента 1895 година во Виничко, Врховниот комитет го испратил Александар Чакаров со цел агитира за едно востание. Неговата дејност била спречена од организацијата и тој морал да се врати назад во Бугарија. Уште пред одржувањето на ІІ македонски конгрес, Комитетот го поканил ЦК да испрати свој делегати, но поканата била одбиена. По конгресот, и покрај тоа што Организацијата ја одбила поканата за учествува, од своја страна ВМК до ЦК испратил писмо од 28.12.1895 година во кое известува за работата на конгресот и било истакнато дека конгресот го овластил комитетот да стапи во тајна врска со Организацијата. Со ова писмо, Комитетот се обидел да ја објасни својата улога и улогата на Организацијата во македонското револуционерно движење. Комитетот за себе си го задржал правото над дипломатијата, а според погледите на самиот Комитетот, Организацијата требала да претставува средство за притисок. На оваа писмо ЦК одговорил со свое писмо од 20.01.1896 година, потпишано од Татарчев и Даме во кое било истаканато дека:
ние продолжуваме да го подготвуваме народот во духот на зацртаната програма и остануваме согласни со сите, кои ја споделуваат нашата девиза
Меѓутоа Врховниот комитет продолжил со својата дејност и во јануари 1896 година бил испратен Александар Чакаров во Ќустендилско за да го преземе тамошниот транзитен центар. Малку подоцна Андреј Љапчев се обидел да го придобие Никола Зографов. И покрај овие недоразбирања, контактите помеѓу ВМК И МРО. Во февруари 1896 година претседателот на ВМК генералот Данаил Николаев имал средба со Гоце Делчев во Софија. На оваа среба станало збор за заемните односи, притоа генералот Николаев истакнал акоМРО сака да добие поткрепа и помош од македонската емиграција во Бугарија, тогаш ВМКмора да биде главен раководител на целото македонско ослободително дело и да го има главниот збор по прашањето за востание. Гоце Делчев притоа остро протестирал истакнувајќи дека:
Ние, знаете ли кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да првата политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме, и кога. Кога да се прави востание ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од тука, за да не втерате, како што се обидовте лани во игра со востание... Ние сметаме на Вас, од Комитетот и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку, господари [6].
Гоце се разишол и со потпретседателот на Врховниот комитет, Јосиф Ковачев. Откако не можел да се разбере со раководителите на Врховниот комитет, одржал неколку средби со членовите на дисиденскиот Македонски комитет на Наум Туфекчиев и Антон Бозуков. Гоце првенствено бил заинтересиран за набавка на оружје. Отука имал средба со познатите лиферанти на оружје: браќата Иванови и Туфекчиев. За оваа средба, Гоце добил помош од резервниот поручник Димитар Жостов, тогашен благајник на дисиденскиот Македонски комитет, инаку Жостов била клучната личност што го иницирала школувањето на Гоце при Кнежевското воено училиште. Гоце тогаш имал средба и со Борис Сарафов, при што му предложил да заминат во Македонија и да станат горски цареви. Според некои историчари, оваа понуда на Гоце укажува дека тој уште тогаш ја имал визијата за идниот Четнички институт на ТМОРО [7].
По враќањето во Штип, Гоце испратил писмо до пунктовниот началник во ЌустендилНикола Зографов. Во писмото Гоце истакнал: Тој комитет (Врховниот б.н) таков впечаток ми направи, такво силн оладување предизвика кај мене што јас не гледам дали ќе помогнат, туку се плашам да не му нанаесат и голема штета на делото. При овие средби со раководителите на ВМК во Софија, Гоце првпат се нашол во улога на емисар на Централниот комитет, а што е најважно: за првапт Гоце ги прогласува отворено во лицето на софискиот врховизам - самостојноста и независноста на Внатрешната организација [6].

Солунски конгрес од 1896 година


Развојот на организацијата на преден план исфрлила голем број на внатрешни и надворешни прашања, потоа се покажало дека постојните нормативни акти се тесни за понатамошен развој на Македонската револуционерна борба, а истовремено дошло до засилување на странските пропаганди кои носеле опасност за организацијата. Овие, како и други прашања биле разгледани на Солунскиот конгрес
На конгресот присуствувале: Даме, Христо ТатарчевИван Хаџи НиколовХристо Батанџиев,Антон Димитров и Ѓорче Петров како членови на Централниот Комитет. Додека како прествници на револуционерните реони присуствувале: Гоце Делчев - Штип, Пере Тошев - Битола, Христо Матов - Скопје, Петар Поп Арсов - Прилеп, Велко Думев - Велес, Кирил Прличев - Воден, Благој Калејчев - Сер и Христо Поп Коцев како преставник на Одрин. Организацијата од овој конгрес излегла со ново име: Тајна македоно - одринска револуционерна организација (ТМОРО).
На дневен ред имало голем број на прашања по што биле донесени следните одлуки: Организациската територија да се подели на 7 окрузи: Солунски,БитолскиСкопскиВелешко - ТиквешкиСтрумичко - ЏумајскиШтипски и ОдринскиПрилеп и Цариград имат право дирекно да кореспондираат со ЦК, додека пак Централниот комитет со внатрешноста на Македонија кореспондира преку окрузите и затоа било решено ЦК да има посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни за комуникација меѓу ЦК и Задграничните преставници, а окрузите имаат посебни шифри за комуникација меѓу себе.
Во врска со децентрализцијата, бил одбиен предлогот на Пере Тошев окрузите да имаат посебни печати, на тоа се спротиставил Даме. Било решено во организацијата да можат да членуваат сите без разлика на верата и народноста и дека делото ќе има чист македонски карактер. За Одринско било решено да биде третирано оделно од Македонија, но Македонија и Одринско преставуваат единствена кауза преку извојување на автономија за двете области.
По прашањето за вклучување на жените во организацијата, кое било поставено од Ѓорче Петров, било решено самите реоните да одлучуваат. Тенденцијата на Врховниот комитет да се наметне над ЦК на организацијата и да ја претвори во орудие за остварување на своите цели, била оценета како опасна по целото македонско ослободително дело и да се заземе став да се разубедува ВК да ја напушти таквата тенденција. Било решено да биде отворено Задгранично преставништво во Софија кое ќе има задача да ја преставува организацијата и да застане пред надворешните посегања. Во врска со проегзархиските групи во Македонија, било истакнато дека портите на организацијата се отворени за секого кој ќе ги прифати начелата на организацијата.
Ставот кој организацијата го зазела кон странските пропаганди се гледа во членот 2. од уставот на ТМОРО во кој се истакнува дека: Тајната македонско - одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. На крајот било решено Гоце Делчев и Ѓорче Петров да го изработат нов устав и правилник врз основа на конгресните одлуки.

Уставотворец 

Солунскиот конгрес од 1896 година ги задолжил Ѓорче Петров и Гоце Делчев, кои биле носители на новата линија во македонското револуционерно движење и први иницијатори за промени, да изработат нацрт на нов устав и правилник, согласно промените на организацискиот курс извршен на Солунскиот конгрес. Новиот Устав и Правилник биле изработени врз основа на постарите акти, но сега се дал акцент на конгресните одлуки од 1896 година. Уставот на ТМОРО се состои од 19 члена поделени во 4 глави.
Со новиот устав, започнува втоата повисока фаза на развојот на макеоднското револуционерно движење. Во оваа фаза, Македонската револуционерна организација од градска добила карактер на претежно селска организација. Оваа промена настанал со омасовување на движењето, селаните ја сочинувале грамадната маса на македонското население. Тоа било постигнато со Солунскиот конгрес и новите публикувани правни акти на Организацијата, кои ги елиминирале бариерите што стоеле на патот на масовизирање на македонското ослободително движење. Улогата на Гоце, како еден од главните креатори на Солунскиот конгрес е неодминлива. Овој конгрес преставувал историска пресвртница за развојот на движењето.

Донева афера 

Во неделата вечерта колчиите на тутунот при св. Недела во Битола го фатија кираџијата штипјанецот со 10 празни бомби во вреќи со ориз по силното спротиставување и обиди да се извлече. Во продолжение на две деноноќија бил тепан до онесвестување. Досега ништо друго не кажувал освен фразата: Оризот го купив во Виница и гоо носам на пазар, без да знам што друго содржел. Турското нселение е во паника и мисли дека и други се внесувани порано. Претсресувања уште нема никаде
Даме ГруевСпомени - Коресподенција... [31]

Внатрешноста на Куршумли ан
Битолскиот окружен комитет на МРО се свртел кон набавка на оружје и муниција, покрај револвери и пушки се започнало и со набавка на бомби. Главна улога во овој првичен копнеж одиграл Гоце, кој веќе имал уредено канал за БугаријаЃорче Петров истакнува:
Бевме побарале бомби од Делчева, да ни прати неколку да ги видиме, да се насрчиме, да им се порадуваме... Уште не се надевавме на народната сила, но баравме спас во бомбите. [32].
На 19 април 1896 година при доставката на бомби во Битола бил фатен и затворен Доне Стојанов Тошев со што пламнала Доневата афера. Со оваа афера Македонската револуционерна организација прв пат се соочила со крупна опасност, откривање на нејзината конспиративност. Меѓутоа мерките на Организацијата и Доневата цврстина ги ограничиле размерите на аферата. Според Ѓорче Петров во Штип:
нашето соопштение од Битола го испреварило она на властите за два дена, што дало можност на Гоце и другарите да ги преземат сите можни претпазни мерки. Дирекниот испраќач на бомбите, Коце Ефремов, заминал за Бугарија за секој случај, жената на Доне била предупредена и даскалосана, а Гоце, откако се појавил низ чаршијата за да го видат сите, седнал дома во исчекување и пишува училишен рапорт [33].
Меѓу осомничените се нашол и Гоце. Тој особено го привлекол вниманието на османлиските власти по враќањето од Софија, кога се појавил како организатор на протесната штипска мартовска демостранција насочена против турското убиство на еден 18 - годишен македонски младинец. По пламнувањето на Доневата афера, Гоце бил одведен пред штипскиоткајмакам, но поради отсуство на докази, Гоце бил ослободен.
Според Пејо Јаворов, по еден месец, по наредба на скопскиот валија, Гоце бил повторно приведен и префрлен во Скопје. Меѓутоа според Константин Пандев, Гоце бил спроведен воСкопје на 2 јули 1896 година [34]Димитар Димески истакнува дека второто тврдење е по вередостојно, бидејќи последно писмо на Гоце, напишано на слобода, до Никола Зографов се датира на 6 јуни 1896 година. Гоце бил сместен во злогласниот Куршумли ан каде што му сугерирале повеќе да не се враќа во Штип. Тоа било серизона опомена. Ѓорче Петровистакнува дека со оваа афера во Организацијата не прозилезе зло за неа, но сами по себе излегоа две пакости: 1. Фактот за постоење завера во Штип и Битола и стана познат на турската власт, и 2. Гоце Делечв го обрна вниманието на властите врз себе во Штип [33].
Доневата афера му навестила на светот дека нешто ужасно се подготвува во Македонија [35]. Од друга страна, настанот силно го импресионирал македонскиот народ, кој во својата фанатазија ја хиперболизира силата на МРО [36]Доневото име станало синоним на револуционерната нескршливост и истрајност на македонскиот човек во неговите натамошни борби за национална и социјална слобода

Банско (Разлошко)


Во септември 1896 година Гоце бил назначен за главен учител (директор) на второкласното училиште во Банско во учебната 1896/97 година. Во летото 1896 година по заминувањето доСкопје, Гоце престојувал во Кукуш, каде што присуствувал на свадбата на својата сестра Тина. Престојот го искористил за ревизија на кукушката организациона мрежа. Поради Доневата афера, Гоце се нашол во немилост кај османлиските власти и полуилегална положба.
Назначувањето за главен учител на Банската прогимназија го вратил во легалната сфера, меѓуто за кратко. По нешто повеќе од два месеци, Гоце ја прекинал педагошката дејност, исто како што се откажал од офицерската кариера, за да се посвети целосно на македонското револуционерно движење. Во Банско, Гоце повторно се пројавил како добар педагог. Неговиот милозвучен акцент во наставата по француски јазик незаборавно се врежал во сеќавањето на неговите млади ученици [39].
Веднаш по пристигнувањето во Банско, Гоце започнал со плетење на разлошката организациска мрежа. По основањето на револуционерните комитети во Банско и Мехомија (Разлог) постепено ја раширил организациската мрежа и во селата БелицаГодлевоДраглиштеДоб’рскоБањаДобриништеЈакоруда,Елешница и Бачево. Потоа, Гоце основал револуционерни комитети во Горна Џумаја и Неврокоп. Во текот на учителствувањето, тој уредил и два канала за Рилскиот манастир низ Годлево и низ Драглиште - Добрско. Истовремено тој уредил и канал од Банско за Србиново (Брежани) и Горна Џумаја. Гоце имал примарни заслуги за втемелувањето на Македонската револуционерна организација во овој дел на Македонија.
Одбојноста на банските чорбаџии и желбата за целосно посветување на револуционерната дејност, допринеле Гоце на 13 ноември 1896 година писмено да поднесе оставка на директорската функција, притоа известил дека привремено со училиштето ќе управува Георги Голев. Така Гоце ја завршил својата двегодишна педагошка дејност, со цел потполно да се нагрби со разгорената македонска револуционерна борба.

Задграничен претставник 

ТМОРО не можеше ни да најде попогоден тандем од нив обајцата (Гоце и Ѓорче Петров б.н) да раководат со една таква важна институција каква што била Задграничното претставништво. Тие од него нашравиле непробојна тврдина на македонската самостојна борба, заштитник на македонската вистина и слобода. Решението на ЦК на ТМОРО да упати во средиштето на врховизмот такви силни креатори на македонската политика и заштитник на македонските интереси, таму каде се вдахувала и кроела антимакедонската завојувача, се покажало мошне далекувидно зашто великобугаризмот правел се да навлезе во Македонија, да ја преземе одвнатре револуционерната организација
ТМОРО не можеше ни да најде попогоден тандем од нив обајцата (Гоце и Ѓорче Петров б.н) да раководат со една таква важна институција каква што била Задграничното претставништво. Тие од него нашравиле непробојна тврдина на македонската самостојна борба, заштитник на македонската вистина и слобода. Решението на ЦК на ТМОРО да упати во средиштето на врховизмот такви силни креатори на македонската политика и заштитник на македонските интереси, таму каде се вдахувала и кроела антимакедонската завојувача, се покажало мошне далекувидно зашто великобугаризмот правел се да навлезе во Македонија, да ја преземе одвнатре револуционерната организација
Христо Андонов-Полјански , Гоце Делчев [40]
Според Христо Андонов Полјански, Гоце веднаш по напуштањето на Банско во ноември 1896 година се нашол во Софија. Меѓутоа Димитар Димески истакнува дека Гоце најверојатно во периодот помеѓу 13 ноември и 16 декември 1896 година, најпрво кратко се нашол во Солун каде што од Централниот комитет бил назначен за прв задграничен претставник на МРО во Кнежеството Бугарија со седиште во Софија, при што му било врачено полномошно со соодветни ингеренции, а потоа подолго време се задржал во инспектирање на пограничните пунктови во Бугарија: Дупница и Ќустендил. Со сигурност може да потврди присуството на Гоце во Софија од средината на декември 1896 година.
Задграничното претставништво на Организацијата започнало да функционира во втората половина на декември 1896 година по доаѓањето на Гоце во главниот град на Кнежеството Бугарија. Назанчувањето на Гоце за прв задграничен претставник го најавило најплодниот период од неговиот живот. Тогаш неговите умствени и организациски способности се расцветале в многустрана револуционерна дејност. Неполни пет години, Гоце се наоѓал на постот на задграничен претставник во Софија. Тој временски интервал одговара на поголемата половина од Гоцевата организациската дејност.
Гоце Делчев како задграничен претставник се ангажирал најмногу во обезбедувањето на Организацијата си материјални средства, нејзино снабдување со оружје, муниција и револуционерна литература и весници, со препраќање на револуционерни сили во земјата, со обезбедување на пограничните пунктови и со грижата околу состојбата на револуционерното дело по окрузите и реоните на Македонија. Тој бил и бескомпромисен борец против врховизмот и ги разобличувал и осуетувал врховистичките акции во Македонија. Се занимавал и со други дејности сврзани со македонското ослободително дело.
Поради инсистирањето на Гоце, Централниот комитет во март 1897 година го проширил Задграничното претставништво со уште еден член - Ѓорче Петров, чиј мандат загаснал заедно со Гоцевиот во октомври 1901 година. Гоце и Ѓорче Петров со своето отворено разобличување на врховизмот, се закитиле со неизмерни заслуги за заштита на самостојниот карактер на македонското револуционерно движење.
Нивниот мандат се состоел од три етапи. Првата етапа го опфатил временскиот период од нивното доаѓање во Софија до 1899 година, втората етапа започнува со улогата наЗадграничното претставништво при формирањето на Врховниот комитет на Борис Сарафов, мај 1899 година, а третата и воедно последна етапа од мандатот ја одбележува клучната улога на претставништво во турбулентното време по Солунската афера, 1901 година.
За заедничката дејност во СофијаЃорче Петров истакнува дека: Кога дојдов во Софија раборев заедно со Делчев на другарски начела, без секакви формалности распоредени во работата... Обајцата знаевме се [41]. Меѓутоа според Христо Силјанов постоела поделба во работата на Задграничното претставништво. Така црната макотрпна катадневна организациска работа ја вршел Гоце Делчев, дипломатската Ѓорче Петров [42]. По пристигнувањето во Софија, Петров ја водел коресподенцијата со Централниот комитет во Солун, при што користел посебна шифра, за нешто подоцна да употребува три шифри. По Ѓорчевото доаѓање, Врховниот комитет бил упатен на комуникација со Македонската револуционерна организација преку Задграничното претставништво, по специјално преку Ѓорче Петров. Колкава била довербата на Централниот комитет во Задграничното претставништво, се гледа и од фактот што Архивата на ЦК, до апсењето на неговите членови во 1901 година, била депонирана кај Петров во Софија.

Контакти со македонската емиграција и бугарската влада [уреди]

Делчев беше уговорил со браќата Иванови бесплатно да зема од нив пушки во вид на подарок. После, двајцата заедно ја продолживме истата работа и примивме околу 4140 пушки без фишеци... Браќата Иванови не уверуваа дека од нив поклонувале три илјади пушки и дека имале одобрение од владата да дадат уште три илјади.
Ѓорче ПетровСпомени - коресподенција [43]
Гоце Делчев ги зачестил контактите со офицерите од 1895 година, односно со учениците во Мелничкото востание, кои по расцепот во Врховниот македонски комитетсе нашле надвор од него, а од нив провремено добивал материјална помош за потребите на Македонскате револуционерна организација. Тој ги продлабочил и врските со Наум Туфекчиев од кого продолжил да набавува ревовери и бомби. Меѓутоа во тој период бил најблизок со браќата Иванови, познати лиференти на оружје. Оваа активност на Гоце имала своја позадина.
Организацијата поради заткулисните игри на Врховниот комитет започнува контакти со бугарската влада. Целта на Централниот комитет е да се побара материјална и финансиска помош од владата во Софија. Првите контакти биле остварени со посредништво на офицерите кој учествувале во Мелничкото востаниеБорис СарафовАнтон БозуковСтојчо Гаруфалов и поранешниот воен министер Рачо Петров. На 22 јуни 1896 година Ѓорче Петров имал средба со бугарскиот премиер Константин Стоилов, на оваа средба Ѓ. Петров побарал 5 - 10 000 пушки и 100 000 лева [44]. Бугарската влада сметала дека треба да се вооружи населението во Македонија и на тој начин да се држаат работите во свој раце. Првото количество на оружје за организацијата биле испратено кон крајот на 1896 година и станувало збор за пушки од системот кримки.
Делчев барањето за проширувањето на Задграничното претставништво се базирало првенствено на неговиот ангажман околу префрлувањето на пушките. Најпрво Гоце, а потоа заедно со Ѓорче Петров добиле бесплатно, со одобрение на бугарската влада 4 000 пушки од браќата Иванови, но без патрони. Објаснување за патроните искажал бугарскиот воен министер, полковникот Иванов, кој бил категоричен: Не сме луди да ви дадеме фишеци: така силата ќе ја држиме во свои раце, инаку Вие ќе се одвратите од нас [45]. Најголемиот дел од овие пушки биле префрлени во Скопскиот, Штипскиот и Струмичкиот округ на Организацијата. Меѓутоа голем дел од нив биле проголтала Виничката афера. Во однос на контактите со бугарската влада и нејзините игри. Ѓорче Петров истакнува:
Рачо (Петров б.н) се опушти да ми каже дека се воделе преговори за поделба на сфери на влијанија. . . Овој и сличните признаци ни вдахнаа увереност дека има опасност да се праваат политички комбинации на наш грб и без наше знаење. Тоа не натера да бидеме уште попретпазливи и посамостојни во своите акции, да не даваме можност да се праваат слични комбинации на сметка на Македонија. . . почетното мислење за општа искреност на бугарската влада кон ослободителното дело било проста наивност [46].
Биле направени обиди за згаснување на дејноста на Задграничното претставништво во Кнежество Бугарија. Најпрво бил направен обид за отргнување на Ѓорче Петров, кога му било понудено местото: секретеар на новоовореното Бугарско трговско агентство во Солун. Целта на Константин Стоилов била да се компромитира, а подоцна преку Атанас Шопов да биде претворен во бугарско орудие. Кога тоа не успеало бил направен обид, сега преку Врховниот македонски комитет, да се предизвика раздор помеѓу Гоце и Ѓорче Петров. На IV македонски конгрес, Гоце неочекувано бил избран за редовен член на новиот состав на Врховниот македонски комитетЃорче Петров истакнува: со цел да го отцепат Делечва од мене [47]. Меѓутоа, Гоце ја проѕрел намерата и во писмото до Јосиф Ковачев, претстедател на IV македонски конгрес, категорично изјавил: Мојата положба во Делото не ми овозможува да го примам изборот [48].